Luna Marketing

Loading

Обуки

Нашите обуки се создадени за да ви помогнат да напредувате во Вашата кариера, и/или да го унапредите Вашиот бизнис. Содржините се авторски, според нашето искуство од над 20 години на македонскиот пазар и интернационално. Се вршат онлајн, но според потребите на клиентите може да се организираат и предавања или обуки во живо.

Практична обука за
БРЕНД МЕНАЏЕР

Обука за Бренд менаџмент во која се опфатени сите аспекти од менаџирањето на еден бренд, според нашето искуство од над 20 години на македонскиот пазар и интернационално. Секоја тема се објаснува со практични примери, како и со примери на учесниците, па воедно таа е и персонализирана.

Агенда

  1. Бренд – запознавање, значење
  2. Бренд идентитет – креирање, порака и таргетирање
  3. Бренд идентитет – примена
  4. Планирање – маркетинг стратегија
  5. Планирање – количини и цени
  6. Подготовка на кампањи, буџетирање и тренинг
  7. Кампањи за брендирање
  8. Соработка со партнери и оптимизирање
  9. Тим и соработка – тимска работа
  10. Грижа за корисници
  11. Создавање задоволни корисници
  12. Продажба и развој на брендот

Добивате 24 часови обука, групирани во 12 дена. Часовите се одржуваат 2-3 пати неделно во вечерни термини, или во договор со групата.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА:

  • За сите кои водат сопствен мал бизнис.
  • За сите кои работат маркетинг и продажен менаџмент.
  • За сите кои сакаат да го дополнат своето знаење.
  • За сите кои градат сопствен препознатлив бренд.
  • За сите компании со голем број на вработени.

Пријавете се персонализираната Практична Обука за Бренд Менаџер и постигнете напредок со организирано работење.

Оценките од учесниците најдобро ја прикажуваат нејзината практична вредност.

Редовна цена: 8900 ден.

Промотивна цена за онлајн обука: 5900 ден.

*Можност за плаќање на 2 рати.

Еднодневна обука за
ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ
И МОТИВАЦИЈА

Продажбата е вештина која им помага на Вашите купувачи полесно да ги разберат и одберат вашите производи или услуги.

Еднодневна обука за техника, организација и мотивација на продажен персонал.

Агенда

  1. Значење на професијата продавач
  2. Пристап кон купувачите:
    Потреба, проблем, решение
  3. Приговори
  4. Дополнителна продажба – Cross & Up-sell
  5. Грижа за корисници
  6. Лична мотивација за напредок и успех во професијата

Според Вашите потреби, обуката може да се организира онлајн, или како семинар. Контактирајте не` за да ви подготвиме оптимална понуда.

Предавач

Ана Костадиновска Н.

Во своето 20-годишно работно искуство се насочува на маркетинг менаџмент, во делот на директен и телемаркетинг, а подоцна се изградува во интернационална средина како Бренд менаџер со менаџирање на брендови како Делимано, Нутрибулет, Мои рецепти, Дормео и сл…

Од градење на маркетинг-продажна стратегија и реализација, продукт портфолио, копирајтинг, продукција, до организација на спроведување на кампањите, следење и оптимизирање на резултатите, успешно работи на унапредување на брендовите преку различните канали и алатки за продажба.

Обуки за бренд менаџмент и продажба

Во 2021 креира сопствена компанија преку која започнува да го пренесува стекнатото знаење преку практични обуки за Бренд менаџмент, кои целосно ги опфаќаат сите аспекти од менаџирањето на еден бренд. Притоа се пренесува локалното искуство во Македонија и интернационално, со многу практични примери адаптирани според групата на учесници.