Luna Marketing

Loading

Услуги

Маркетинг продажниот менаџмент е неизбежен дел од успешното водење на еден бизнис. Како што редовно соработувате со сметководител, правник, исто така е потребно и соработник за редовно менаџирање на маркетинг активностите. Не секој бизнис има потреба од специјалист со полно работно време, но затоа е мудро да ангажирате експерти кои ќе бидат ваш партнер во работењето.

Со нашето над 20 години искуство во менаџирање на брендови во Македонија и интернационално, ќе ви помогнеме во повеќе сегменти од маркетинг продажниот менаџмент.

Поставување на брендот

Било да планирате старт на нов бренд или бизнис, или пак веќе имате постоечки кој сте го граделе во фази, за да ја дефинирате насоката во која ќе се движите потребно е дефинирање на бренд идентитетот. Доколку вие немате јасна слика за вашиот бренд, ни купувачите нема да може да ја создадат. Ние ќе ви помогнеме при дефинирање на основните елементи, бои, примена на елементите, порака, целна/и група/и и повеќе.

Маркетинг продажна стратегија

Креирањето на маркетинг продажната стратегија и план ќе ви помогне да ги минимизирате грешките (трошоците), а да ги зголемите можностите (приходите). Воедно тоа е одлична основа врз која можете да го оптимизирате вашето работење при секој следен циклус. Со долгогодишно искуство во оваа област, ќе ви помогнеме во реализацијата на вашите замисли, додека вие се фокусирате на вашите редовни обврски во менаџирањето на бизнисот.

Бизнис Консалтинг

Преку анализа на бизнисот, покрај маркетинг продажниот план, ќе ви помогнеме да го оптимизирате портфолиото, продажните канали, продажниот персонал и друго.

Спроведување на плановите

Како ваш редовен партнер во работењето, ќе ви помогнеме при реализација на стратегиите за маркетинг и продажба. Тоа вклучува креирање на потребни маркетинг материјали за различни медиуми, следење на резултатите и корекција и оптимизирање на плановите.

Согласно вашите потреби може да ви обезбедиме:

  • Градење на маркетинг и продажна стратегија (месечно, квартално итн.)
  • Планирање на кампањи за брендирање, продажни кампањи и активности
  • Бренд идентитет
  • Бренд менаџмент на социјални медиуми
  • Продукција на интернет видеа и други маркетинг материјали
  • Продукција на спотови за ТВ, интернет и сл.
  • Следење на резултатите и оптимизирање на активностите на неделно ниво
  • И друго, зависно од вашите потреби и буџети.

Закажете БЕСПЛАТНА КОНСУЛТАЦИЈА за да ви подготвиме понуда според она што вам ви е најпотребно во тековната фаза на бизнисот.