Luna Marketing

Loading

Оценки

Валентина Стојановска

Готвиме заедно со Теофанија

„Прекрасна обука проследена со примери од секојдневно искуство кои се многу значајни за водење сопствен бренд!
Со помош на обуката мојот план за сопствен бренд ми се гледа остварлив.“

Никола Димитровски

Комерцијален менаџер,
Толлакс доо Скопје

„Обуката беше многу поучна и интересна. Имаше интересни примери кои можеме да ги примениме во нашето секојдневие. Со обуката добив дополнително искуство, кое ќе го користам во развивањето на брендовите кои ги работи мојата компанија во која работам.“

Наташа Пешева

Менаџер,
Ice Technology

„Практични примери за подигнување на свесноста за брендот. Конкретни одговори на нашите прашања за предизвиците со кои се соочуваме во нашето секојдневно работење. Одлична обука.“

Елена Ристевска

Бренд Менаџер

„Прекрасна обука која топло ја препорачувам многумина од нас да ја слушнат за менаџирањето на еден бренд.

Со помош на истата преку одлични примери и прекрасна атмосфера го збогатив моето знаење за маркетинг и продажба.

Слушнете ја и Вие.“

Кирил Стоилков

Генерален менаџер,

Кист Мебел

„Во текот на обуката се стекнавме со нови знаења и вештини. Разменувавме мислења и искуства со учесниците.

Целата обука многу ни помогна околу креирање на бренд идентитетот на фирмата.“

Анета Цветинова

Бренд Менаџер

„Оваа обука ми помогна за надополнување и проширување на знаењето во областа на менаџирањето.

Уникатен концепт кој е потребен во деловното работење објаснет преку примери, планирање и реализација на истите.

Дефинитивно би ја препорачала на сите оние кои сакаат да го прошират своето знаење од областа на бренд менаџмент.“

Јасмин Ма

Матка Фарм

„После обуката се почувствував како да сум прочитала една многу убава книга. Толку ме внесе и ме заинтересира со примерите, целосната склопеност, знаењето пренесено како од омилен учител што ви создава волја сето тоа што сте го научиле да го практикувате и ве упатува кон остварување на вашата цел. Смислата за хумор и ентузијазмот уште повеќе им даваат уникатност и посебност на часовите.

Грешките ми ги укажа, ми даде нови идеи и широко поле на корисни информации, посочување кон реализација на успешен бренд.“

Уран Саити

Матка Фарм

„Обуката опфаќа широк спектар на вредни информации како патоказ за создавање на успешен бренд.

Уште на првиот час сфатив дека има уште многу да се научи.

Ми помогна да размислувам за трансформација и модернизација на нашиот бренд.“

Тања Арилон

Занаетчија и уметник,

Wonder Art

„Прекрасна обука, прилагодлива и за помали бизниси. Секое прашање ќе Ви биде одговорено, добивате извонредни совети и помош.

Не само што ќе Ви помогне во организицискиот, ќе ви помогне и во креативниот дел од Вашиот бизнис.“

Александра Станчевска

Комерцијалист

„По долгогодишно искуство во оваа работа, конечно со нови визии и амбиции за брендовите.

Оваа обука ми даде поттик за нови идеи и усовршување во тој дел.

Ја препорачувам на сите кои имаат визија нивниот бренд да биде Број 1.“

Снешка Трајковска

Огнените ѕверови на Дамјана

„Совршена обука особено за почетници и мали бизниси.

Учиш ново, но немаш премногу непознати информации, туку добиваш примери од секојдневие со кои всушност лесно ја сфаќаш лекцијата и лесно ќе можеш да ја примениш. Топ!.“

Љубинка Велкова

Сопственик на Beauty House

„Прекрасна обука, корисни информации и одлично дружење.

Ако водите мал или голем бизнис топло препорачувам да не се мислите, вложете во себе и проширете го вашето знаење со оваа прекрасна обука за маркетинг и продажба.“